Права и обврски:
ИВАО e приватно друштво кое е овластено да прима барања за аплицирање за италијанска
виза како и и да ги враќа пасошите на барателите на виза. Одговорности на ИВАО се:
- да ги прима пасошите, пополнетите формулари од страна
на барателите, потребната документација и други дополнителни документи (целосната
документација) како и таксите за аплицирање.
- да ги достави документите до Амбасадата на Италија
во Скопје, во име на барателите.
- да ги врати пасошите на барателите
Важно е да се напомене дека:
Амбасадата на Италија во Скопје го задржува правото да побара дополнителна документација
како и да го одбие барањето за виза.
Во одредени случаи, документите можат да бидат доставени
до барателот директно од Амбасадата на Италија во Скопје. Во ваков случај, ИВАО
не сноси никаква одговорност за евентуалното губење или оштетување на документите
од страна на Амбасадата.
Единствено Амбасадата на Италија го има правото за одобрување или одбивање на барањето
за виза.
Надлежностите на ИВАО се надвор од оваа постапка што значи
дека ИВАО не е одговорно за евентуалното доцнење на процедурата ниту пак за одобрувањето
или негирањето на барањето за виза.
ИВАО ги презема сите потребни мерки за безбедност на документите
доставени од барателот. Сепак, ИВАО не сноси никаква одговорност за евентуално губење
на документите предизвикано од несреќа, грабеж, природни катастрофи или каква
било
причина која е надвор од надлежностите на ИВАО или која не е дел од неговата стандардната
процедура.
Барателот прифаќа дека ИВАО не ги контролира ниту управува
со активностите на Амбасадата на Италија поради што истото не сноси никакава одговорност
за евентуалното губење или оштетување на документите од страна на Амбасадата на
Италија.
Наплатениот износ за услугите не се враќа во никој случај
, ниту во случај на одобрување ниту во случај на одбивање на барањето за виза од
страна Амбасадата на Италија во Скопје.
Барателот прифаќа дека транспортот на документите се врши
од трета страна. Единствената одговорност што ја презема ИВАО во случај
на губење или оштетување на пасошот при транспорт, е надоместување на износот одреден
од Министерството за внатрешни работи и Владата на Република Македонија, потребен
за издавање на нов пасош. Износот ќе биде надоместен само доколку биде приложена
потврда за сносените трошоци.
ИВАО го задржува правото да додава, отфрла или изменува
некои или сите од горенаведените услови.
Овие услови ќе бидат разгледувани и толкувани согласно
законите на Република Македонија. Секое барање или расправа во врска со услугите
понудени од страна на ИВАО се во надлежност на правосудството на Република Македонија.
Со ова барателот потврдува дека ги прочитал и разбрал условите
пред да го поднесе барањето за виза, и се согласува да ги почитува сите поединости
што се однесуваат на претходнонаведените услови.